Фондот за иновации и технолошки развој на ден 18.08.2021 година објави Јавен конкурс за финансирање под инструментот за поддршка “Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации“
- Врз основа на член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18) и член 14 од Правилникот за инструментот за поддршка – Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации, бр.01-2572/5 од 19.07.2021 година, Фондот за иновации и технолошки развој на ден 18.08.2021 година, објавува Јавен конкурс за финансирање под инструментот за поддршка “Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации“.
- Финансиската поддршка е достапна за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па сѐ до преткомерцијална фаза.
- 8 милиони евра финансиска поддршка се достапни за иновативни проекти на македонските компании. Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка во максимален износ од 20 милиони денари по проект:
- За претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 2 милиони евра, финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект.
- За претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2 милиони евра, а помал од 10 милиони евра, финансирање до 60% од вкупниот буџет на проектот.
- Рокот за аплицирање е до 15.10.2021 година, до 14.00 часот.
Целосната проектна апликација е достапна на https://fitr.mk/komercijalizacija2021/
No comment yet, add your voice below!