Врз основа на член 21 став 11 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ број 63/2007, 187/13, 43/14, 215/15, 64/18 и 24/21 ) и Одлуката за распишување на јавен повик за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години дел.бр. 02-219/6 од 26.11.2021 година, Претседателот на Комисијата за спроведување на јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Вардарски пллански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години, упатува:
Покана за состанок
до здруженијата кои се пријавиле по јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Вардарски пллански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири)
Почитувани,
Како апликанти по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Светот за развој на Вардарски плански регион, Ве покануваме на состанок на ден 27.12.2021 година во почеток во 13:00 часот, во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион на адреса Шефки Сали бр. 4, 1400, Велес.
На состанокот може да учествуваат и одлучуваат (одлучувањето се однесува на здруженијата кои ги исполнуваат критериумите од јавниот повик) само овластените лица на здруженијата или лица ополномоштени од нив кои се должни да достават:
- полномошно за учество и одлучување на состанокот на здруженијата кои се пријавели по јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Вардарски плански регион, во оргинал со печат и своерачен потпис од овластеното лице.
На состанокот, пријавените кандидати кои ги исполнуваат критериумите од јавниот повик, со мнозинство гласови одлучуваат кој од нив ќе ги претставува во Советот за развој на Вардарски плански регион, како член претставник од здруженијата, без право на глас, со мандат од 4 (четири) години.
Здруженија кои ги исполнуваат критериумите од јавниот повик се :
Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет на општина Велес, Чашка и Градско МОБИЛНОСТ
Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија – Велес
Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес
23.12.2021 година
Со почит,
Комисија за спроведување на Јавниот повик за
избор на член во Советот за развој на
Вардарски плански регион – претставник од здруженијата
Претседател,
Лидија Пљакова
No comment yet, add your voice below!