Во просториите на Владата на Република Северна Македонија се одржа 42-та седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која раководеше Министерот за локална самоуправа, г-дин Златко Перински.
- На седницата беше презентирана Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година, која предвидува распределба на средства преку четири мерки насочени кон поддршка на планските региони, руралните средини, урбаните подрачја и подрачјата со специфични развојни потреби.
- Во рамки на програмата, беа предложени вкупно 56 проекти за финансирање, во вкупна вредност од 148.407.142 денари.
- Општините од Вардарскиот Плански Регион преку овие мерки обезбедија поддршка за вкупно 7 проекти, во вкупна вредност од 19.447.344,00 денари.
- Од нив, преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион се аплицирани и одобрени 2 проекти, со вкупна вредност од 12.557.496,00 денари.
- Центарот за развој на Вардарскиот плански регион продолжува активно да работи на подготовка и реализација на проекти кои придонесуваат кон одржлив локален и регионален развој, подобрување на инфраструктурата и унапредување на квалитетот на живот во регионот.
No comment yet, add your voice below!